Економија 07.12.2018 12:20

IBM продава дел од својот софтверски бизнис

IBM продава дел од својот софтверски бизнис

Американскиот технолошки концерн „International Business Machines Corp.“ соопшти дека ќе продаде дел од своите софтверски производи на индискиот снабдувач на софтверски услуги „HCL Technologies“ за 1,8 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“.

Софтверските производи вклучени во договорот претставуваат заеднички пазар за повеќе од 50 милијарди долари, се вели во соопштението на „IBM“.

Компанијата ќе продаде седум од своите производи, вклучувајќи го својот производ за безбедно управување на уреди „BigFix“, производот за автоматизација на маркетингот „Unica“ и производот за заедничка работа „Connections3.

„Производите кои ги купуваме, се во големи пазарни области, кои имаат потенцијал за раст, како што се безбедноста, маркетингот и трговијата, кои се стратешки сегменти за „HCL““, изјави Си Виџајакумар, извршен директор на „HCL“.

Договорот се очекува да биде реализиран до средината на 2019-та година.

Продажбата на софтверските производи на „IBM“, коишто се забавија во минатото, ги направија последните квартални резултати на компанијата уште полоши.

Приходите на „HCL“ од бизнисот со софтверски услуги сепак се зголеми за околу 21% до 87,11 милијарди рупии (1,7 милијарди долари), со што компанијата успеа да ги надмине очекувањата и за профитот за вториот квартал.

„IBM“, исто така, е во процес на купување на 34 милијарди американски долари од американската софтверска компанија „Red Hat Inc.“, вклучувајќи го и долгот.