Живот 08.10.2018 18:22

ИЕА: Уделот на обновливите извори на енергија ќе продолжи да расте ширум светот

ИЕА: Уделот на обновливите извори на енергија ќе продолжи да расте ширум светот

Уделот на обновливата енергија која се користи во светот, се очекува да се зголеми со една петтина во наредните пет години, за да достигне 12,4 отсто во 2023-та година. Ова го предвидува Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во својот годишен извештај.

Обновливите извори на енергија ќе имаат најбрз раст во секторот на производство на електрична енергија, обезбедувајќи речиси 30 отсто од побарувачката во 2023-та година, што е зголемување во однос на 24-те проценти во 2017-та година, станува јасно уште од податоците, цитирани од агенциите.

Во овој период на обновливите извори на енергија ќе отпаѓаат над 70 проценти од глобалното зголемување на производство на електрична енергија, а најголема заслуга за тоа ќе има фотоволтаичната технологија, проследена со хидроенергетиката и биоенергетиката, прогнозираат експертите на ИЕА.

Хидроенергетиката продолжува да биде најшироко распространет обновлив метод за добивање на енергија, обезбедува 16 отсто од побарувачката на електрична енергија на глобално ниво кон 2013-та година. После тоа, енергијата на ветерот е 6 проценти, соларната енергија е 4 проценти и био-енергијата е 3 проценти.

Во извештајот се наведува и дека 2017-та година беше рекордна година за обновливите извори на енергија. Најголемо зголемување имало кај сончевата енергија, која достигна 97 гигавати, а повеќе од половина од растот отпаѓа на Кина.