Актуелно 27.06.2018 13:02

Една од најсиромашните земји во светот станува глобален енергетски играч

Една од најсиромашните земји во светот станува глобален енергетски играч

Конзорциум, предводен од „Anadarko Petroleum“, планира да даде „зелено светло“ за формирање на нова голема моќност за извоз на течен гас во Мозамбик – една од најсиромашните земји во светот каде што огромен дел од населението живее со под 1.90 долари на ден.

Ова се очекува да се случи во првата половина од следната година, со тоа што проектот ќе го претвори Мозамбик во глобален играч во снабдувањето со гас, објави „Фајненшал тајмс“.

Американската компанија „Anadarko Petroleum“, откри огромни полиња со гас во водите покрај брегот на Мозамбик во 2010-та година.

Од таму велат дека се напредни во проектот, така што веќе склучиле договори со клиенти, обезбедиле дозволи од локалната власт, оперделени се средства и веќе се подготвуваат да започнат со работа со градењето на капацитети.

Неодамна, голем број проекти за гас не добија одобрение од регулаторите ширум светот.

Сепак, извршниот потпретседател на „Anadarko Petroleum“, Мич Инграм, вели дека неговата компанија е во добра позиција. Според неговите зборови, фактот што неколку проекти добиваат „зелено светло“ значи дека неговата компанија се соочува со помала конкуренција на овој пазар.

Развојот на полињата со гас во Мозамбик, како и изградбата на објекти за извоз на течен гас ќе чинат околу 7,7 милијарди долари, а износот значително се намали во последните неколку години.

„Anadarko“ и другите учесници во проектот – јапонската „Mitsui“ и индиската „ONGC Videsh“, успеале да ја намалат цената на проектот со цели 4 милијарди долари, вели Инграм.

Трошоците за реализација се еднакви на 600 долари за тон од капацитетот на моќноста во нејзината прва фаза, која по целосна реализација, очекувана да заврши во 2023-24-та година, ќе може да извезува 12.88 милиони тони течен гас годишно.

Конзорциумот веќе започна со работа за преместување на околу 500 семејства долж брегот каде што ќе биде моќта. Паралелно, околу 1.000 работници веќе го подготвуваат теренот и градат патишта.

Планирано е работниците да стигнат до 2.500 луѓе до крајот на оваа година.

Од „Anadarko“ проценуваат дека полињата во Зона 1 на гасното наоѓалиште во Мозамбик изнесуваат околу 75 илјади милијарди кубни метри, што значи дека ресурсите ќе стигнат за 120 години, при стапка на извоз од 12.88 милиони тони течен гас годишно.

Сепак, конзорциумот планира да го зголеми капацитетот на секои пет години. Покрај тоа, други компании планираат да инвестираат во гасниот сектор во Мозамбик.

Конзорциум, предводен од италијанската „Eni“, минатата година започна проект за течен гас во вредност од 8 милијарди долари, кој го носи името „Coral“ и располага со капацитет од 3.4 милиони тони годишно.

„ExxonMobil“, која купи дел од средствата на „Eni“ во Мозамбик во минатата година, има планови за друг сосема одделен гасен проект во земјата.

Сите овие инвестициски планови може да ја оживеат економијата на Мозамбик, но тоа нема да биде лесно.

Неодамна безбедноста во регионот е сериозно загрозена. Во еден од последните случаи на агресија од мистериозна група, за која се верува дека е составена од исламски бунтовници нападна и уби 39 лица во близина на терените каде ќе се градат капацитети за извоз на течен гас.

Според зборовите на Инграм, овој проблем спаѓа во радарот на компанијата, која, освен дека сама си го осигурува обезбедувањето, работи на прашањето и со локалните власти.