Економија 31.08.2020 12:11

Има 90 години и нема намера да запре: Бафет инвестира во петте водечки јапонски компании

Има 90 години и нема намера да запре: Бафет инвестира во петте водечки јапонски компании

Ворен Бафет денес објави дека неговата компанија има стекнато нешто повеќе од пет проценти од акциите во секоја од петте водечки јапонски трговски компании.

Компаниите се Itochu Corp., Marubeni Corp., Mitsubishi Corp., Mitsui & Co. и Sumitomo Corp.

Компанијата на Бафет “Berkshire Hathaway” ги стекна акциите во период од приближно 12 месеци преку редовни набавки на берзата во Токио.

Врз основа на цените во петок, пет проценти од акциите во секоја фирма вреди вкупно околу 6,25 милијарди американски долари.

Јапонските трговски компании – познати како „sogo shosha“ – се конгломерати кои увезуваат буквално сè во Јапонија, од енергија и метали до храна и текстил.

Тие исто така обезбедуваат услуги на производителите. Трговските куќи помогнаа во растот на јапонската економија и придонесоа за глобализација на локалниот бизнис.

Но, како го ширеа својот бизнис во странство, тие исто така станаа поранливи од глобалната непогода, како што е финансиската криза од пред една деценија.

Трговските куќи, исто така, се соочуваат со зголемена конкуренција од ризичните капиталисти и фондовите со приватен капитал.

Од компанијата “Berkshire Hathaway” велат дека имаат намера долгорочно да го задржат уделот во јапонските фирми и може да го зголемат својот удел во секоја фирма до максимум 9,9%, во зависност од цената.

Тие, исто така, ветија дека нема да купат повеќе од 9,9 проценти од акциите во која било фирма, освен ако не бидат одобрени од одборот на директори на трговските компании.