Челси Нилсен која работи како инструктор за јога на јахта вели дека има плата од 7000 евра, и не знае каде да ги потроши парите затоа што има три оброка дневно и други работи кои се неопходни за живот.
Се сеќава на почеток кога почнала да ја зема платата дека евра паѓале од ковертот.
Плус секој член на екипата на секои три месеци добива по 2000 долари, пишува CNN.
Гела Хилберт која е шеф на луксузна јахта вели дека во текот на 7 години се сретнала со секакви луѓе.
Додава дека имале гост кој сакал да се капе само во половина када со вода, плус додавал во него и масло за бебе кое потоа било многу тешко да се исчисти.
За својата работа вели дека ниту ден не поминува на сонце, затоа што денот им поминува во чистење и чистење.