Финансии 16.05.2018 10:25

Имајте помали бизнис долгови

Имајте помали бизнис долгови

Бизнис долговите се последица од многу фактори, вклучувајќи клиенти кои не плаќаат, кредити, опрема. Справувањето со долговите го спречува развојот на компанијата. Прочитајте неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да ги намалите долговите кон другите фирми.

Преговарајте

Преговарајте со добавувачите да добиете пониска и поповолна цена. Избегнувајте купување на дополнителна опрема, не земајте кредит ако не ви е навистина потребен.

Колку помалку тоа подобро

Ако веќе се позајмите пари, тогаш имајте на ум дека каматата ќе го продлабочи вашиот долг.

Внимателно со закупот на просторот во кој работите

Ако изнајмувате простор за работа, бидете скромни. Не вложувајте во просторот , освен ако не е нешто неопходно.

Намирите ги долговите пред да влезете во нови

Кога ќе ги намирите долговите не размислувајте веднаш за нови вложувања. Пробајте да ги минимализирате трошоците и да почнете од  нула.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.