Економија 04.12.2018 17:27

Индекси на трошоците во градежништвото повисоки во третото тримесечје од оваа година

Индекси на трошоците во градежништвото повисоки во третото тримесечје од оваа година

 

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните
договори.

Во третото тримесечје од 2018 година, во споредба со второто тримесечје од 2018 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.4 %, трошоците за материјали се пониски за 0.3 % и трошоците за вработените се повисоки за 5.7 %. Во третото тримесечје од 2018 година, во споредба со третото тримесечје од 2017 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 6.4 %,трошоците за материјали се повисоки за 3.9 % и трошоците за вработените се повисоки за 12.8 %.