Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2018 година, во споредба со март 2018 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.3 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во април 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1.6 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.6 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 0.8 %.