Економија 17.10.2018 17:49

Инфлацијата во ЕУ стабилна

Инфлацијата во ЕУ стабилна

Малопродажните цени во Европската унија пораснале за 2,2 проценти во септември, соопшти Европската агенција за статистика.

Во своето соопштение, „Еуростат“ вели дека во споредба со август, годишната инфлација во блокот била стабилна во септември.

Стапката во овој месец изнесувала 1,8 проценти, исто како и минатата година.

Најниска стапка е забележана во Данска – 0,5 проценти, Грција – 1,1 проценти и Ирска – 1,2 проценти.

Највисока стапка бележат Романија – 4,7 проценти, Унгарија – 3,7 проценти и Бугарија – 3,6 проценти.

„Споредбено со август 2018, годишната инфлација во септември опаднала во девет земји-членки, остана стабилна во четири, а се покачила во 14“, се вели во соопштението.

Според официјалните податоци, Обединетото Кралство се’ уште нема објавено бројки за инфлацијата оваа година.

Во последната декада, највисока стапка на инфлација во ЕУ е забележана во јули 2008 и изнесувала 4,4 проценти. Најниската пак, е забележана во јануари 2015 со износ од негативни 0,5 проценти, кога цените драстично опаднале.