Економија 28.12.2018 21:44

Инфлацијата во најгусто населените германски провинции се забавува во декември

Инфлацијата во најгусто населените германски провинции се забавува во декември

Инфлацијата во најгусто населените германски провинции се забавува во декември во позадина на потврдата од Европската централна банка (ЕЦБ), дека програмата за откуп на обврзници ќе биде прекината и покрај намалувањата на светските пазари, соопштува „Ројтерс“.

Годишната инфлација во најбројната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија се забавува до 1,8% во декември од 2,4% во ноември, покажуваат прелиминарните регионални податоци објавени во денеска.

Во Баварија, втората најгусто населена провинција, годишната инфлација е 2,2% од 2,7% во претходниот месец. Во Баден-Виртемберг, која е на трето место, зголемувањето на цените е 2% во однос на 2,7% во ноември.

Претходно овој месец, „ЕЦБ“ објави дека формално ја прекинала својата програма за купување на обврзници во вредност од 2,6 илјади милијарди евра, но вети дека ќе ја продолжи политиката на економски стимулации во обид за справување со неочекуваното економско забавување и политичките превирања на Стариот континент и надвор од него.

Целта на централната банка е да ја задржи годишната инфлација малку под прагот од 2%. Во четвртокот од „ЕЦБ“ соопштија дека прогнозираат забавување на светската економија во 2019-та година, по што ќе настапи период на стабилизација.