Мозаик 21.06.2018 11:37

Интернет маркетинг на социјалните медиуми

Интернет маркетинг на социјалните медиуми

Се започнува со стратегија
Секоја содржина што ќе ја постирате треба да има цел во позадина за да го има ефектот којшто го очекувате. Треба прво да размислите што би ги привлекло вашите следачи. Кога ќе го знаете одговорот на ова прашање, направете добра стратегија.

За вашата целна група треба да знаете:

Нивната возраст, пол, локација и сл.
Како пристапуваат на социјалните мрежи?
Што користат? (Facebook, Twitter, SnapChat, итн.)

Откако сте одредиле целна публика, време е да почнете да размислувате за стратегија. Еве што треба да вклучите:

Изберете платформа којашто е најкористена од вашата целна група.
Истражете кога е најефективно да објавите за да имате најголема гледаност.
Креирајте содржина којшто ќе предизвика гледаност.
Направете boost на постот за да биде видлив за поголема група на луѓе.

Анализирајте колку луѓе сте привлекле со каков тип на содржини, па насочете се во тој правец, откако веќе ќе ги имате овие информации.
Не мора секогаш да креирате платени содржини. Тоа треба да бидат само оние коишто вклучуваат новости за вашата компанија. Доколку секој пост ви е платен, може да постигнете контра-ефект со тоа што ќе им “здодеете“ на луѓето.

Исто така, немојте да објавувате премногу често, гледајте содржината да е квалитетна, а не само да пополните простор.