Живот 04.01.2019 22:59

Социјалните мрежи поврзани со голем ризик од појава на депресија кај тинејџерки

Социјалните мрежи поврзани со голем ризик од појава на депресија кај тинејџерки

Тинејџерките имаат двојно поголема веројатност за појава на први симптоми на депресија поврзани со користење социјални мрежи отколку момчињата, најмногу заради злоставување онлајн, пореметување на сон и незадоволство од сопственото тело и пад на самодоверба.

Тоа го тврдат експерти во истражување на речиси 11 илјади млади луѓе во Велика Британија.

Тие заклучиле дека 14-годишни девојки се почести корисници на социјални мрежи меѓу кои две петтини социјални мрежи користат повеќе од три часа дневно. Истото го прават една петтина момчиња.

Студијата покажала дека 12 отсто умерени корисници на социјани медиуми и 38 отсто од оние кои социјалните медиуми ги користат подолго (повеќе од 5 часа дневно) покажуваат знаци на сериозна депресија.

Истражувачите откриле дека 40 отсто девојчиња и 25 отсто момчиња имале искуство со злоставување онлајн. Пореметување на сон имале 40 отсто девојчиња, односно 28 отсто момчиња. Анксиозноста и лошото спиење се поврзани со депресија.

Девојчињата се исто така изложени на поголем ризик кога станува збор за поврзаност со користење социјални медиуми и грижа за сопствениот изглед на телото и самодовербата, но во овој случај разликата меѓу девојчињата и момчињата е помала, покажало истражувањето.