Економија,Живот 11.09.2018 20:37

Ирците дојдоа, кој сака работа веднаш

Ирците дојдоа, кој сака работа веднаш

Претставници на ирската компанија  Musgrave веќе неколку недели се во Хрватска, каде престојуваат за да најдат работници.

Тие ја поминаа Далмација и Славонија.  Бараат луѓе кои би работеле на складирање и логистика.

Оваа компанија е водечка за дистрибуција на храна во Ирска и најголем приватен работодавец, пишуваат медиумите од регионот.

Заминувања има, а компанијата е многу стабилна.

Оваа компанија има 350.000 работници, а целта им е сега од Ријека да вработат 20 до 30 луѓе. Од цела Хрватска во план им е да вработат 300 луѓе.