Економија 01.10.2018 19:23

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ денеска значително ја намали проценката на годишната добивка

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ денеска значително ја намали проценката на годишната добивка

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ денеска значително ја намали проценката на годишната добивка, предупредувајќи дека резултатите во наредниот период би можеле да бидат уште полоши ако координираните штрајкови во Европа и натаму влијаат врз сообраќајот и резервациите.

Во „Рајанер“ очекуваат профитот во тековната фискална година, кога ќе се исклучат првичните загуби, да биде помеѓу 1,1 и 1,2 милијарди евра. Досега очекуваа приход од 1,25 до 1,35 милијарди евра.

Од компанијата наведуваат дека и цените на билетите во вториот фискален квартал се намалиле за околу три проценти до крајот на септември