Финансии 25.04.2025 12:14

Исплатени се 2.404.561.224 денари кон 14.502 тутунопроизводители

Исплатени се 2.404.561.224 денари кон 14.502 тутунопроизводители

Го исполнивме дадениот збор што го дадовме на тутунопроизводителите. Денеска се изврши исплата на директни плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2024 година, информираат од МЗШВ.

Исплатени се 14.502 тутунопроизводители со вкупен износ од 2.404.561.224,00 денари односно околу 40.000.000 евра.

-Корисници на оваа мерка се физички и правни лица кои своето производство со тутун од реколта 2024 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи. Го вреднуваме трудот на земјоделците, велат од МЗШВ