Економија 31.01.2019 16:33

Италија влезе во рецесија

Италија влезе во рецесија

ЕКОНОМИЈАИталија влезе во рецесијаОбјавено пред 2 часа – 31 јануари, 2019Од Макфакс

Италија е во рецесија, соопшти италијанската канцеларија за статистика, која објави процена на движењето на италијанскиот БДП во последниот квартал, која покажува дека тамошната економија се намалила 0,2 отсто.

Според нивните податоци, италијанската економија паднала во последниот квартал од 2018 година 0,2 отсто, потоа 0,1 отсто во третиот квартал и тоа значи дека влегла во рецесија, пренесува „Кориера дела Сера“.

Веста дека Италија влегла во рецесија не е неочекувана, на тоа претходно предупредуваа ММФ и Светската банка. Уште порано Европската комисија соопшти дека Италија оваа и в година ќе има најбавен раст меѓу земјите од еврозоната.

Тешко дека Италија сега, со официјалното влегување во рецесија, ќе го одржи ветувањето кон ЕУ за стабилизациска програма, а и тешко дека ќе дојде до потребните пари. Ова е првпат од 2013 година една голема европска земја да влезе во рецесија.