Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ќе се обрати на свеченото отворање на Школата за млади лидери, што на негова иницијатива по деветти пат ќе се одржи во Струга.
На свеченото отворање обраќање ќе има и поранешниот претседател на Република Латвија, Валдис Затлерс.
На годинешната школа ќе учествуваат триесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европа и светот кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.
Меѓу предавачите на годинешната Школа за млади лидери се Дејвид Голдсмит, еден од водечките експерти за бизнис менаџмент и лидерство, Озгур Торт, главен извршен директор на MIGROS Group, Штефан Петер, Претседател на Извршниот Одбор на ЕВН Македонија, Пинар Ајваз Арикан, Генерален директор на Turkish Airlines во Скопје, Есер Џевахир, директор на Џевахир холдинг, Сани Шенер, Извршен директор на ТАВ аеродроми, Бајбарс Алтунташ, претседател на Инвестициониот форум за светски бизнис ангели, Дејвид Бекет, TEDx тренер, Снежана Живчевска – Сталперс, Менаџер на проекти во IBM.