Финансии 20.02.2025 10:53

Ивановски: Од кога ја презедов Финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои вклучуваат штета од 852 милиони денари на буџетот

Ивановски: Од кога ја презедов Финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои вклучуваат штета од 852 милиони денари на буџетот

Од моето преземање на Управата за финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои во себе вклучуваат штета од 852 милиона денари на буџетот, изјави Слободан Ивановски, директор на Финансиската полиција, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Ова значи квалитативно работење. Сакам да кажам дека и во иднина, без разлика за која институција, за кој функционер станува збор, Управата за финансиска полиција ќе постапува и ќе го сработи секој предмет темелно“, рече Ивановски.

Го посочи случајот со РЕК Битола.

„Имаме штета од околу 178 милиони денари, исто и ова со ХЕЈ имаме штета од 24 милиони денари. Значи сумите секогаш ќе нè водат нас во делот на тоа да дадеме акцент и приоритет на тие случаи. Невозможно е сите случаи да се изработат во еден момент, да се истражат, но, сепак, врз основа на нашата функција која што значи откривање, истражување и пријавување на кривични дела, мораме да дадеме приоритет на поголемите износи, на поголемите штети на буџет. Истовремено, таа штета да ја обезбедиме преку мерки за обезбедување на имотот“, вели Ивановски.

Ивановски нагласи дека Финансиската полиција е надлежна на кривичните дела „Перење пари“, „Недозволена трговија“, „Криумчарење“, „Даночно затајување“ и, како што посочи, „други кривични дела кои што во себе вклучувааат значителна противправна имотна корист“.

„Значителна значи 50 просечни плати. Тоа е некоја сума о два мили

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.