Надзорниот одбор на Макпетрол АД – Скопје, на седницата одржана на 19.6.2023 година, донесе Одлука за престанување на мандатот на членовите на Управниот одбор на Друштвото, бр. 0203-29/2 од 19.6.2023 година, поради истек на времето за кое се избрани, пo што, за членови на Управниот одбор, со мандат од шест години, со Одлука бр. 0203-29/3 од 19.6.2023 година се именувани: Андреја Јосифовски, Марија Јосифовска Спасовска, Сашко Павловски, Михајло Борозанов и Сашо Бошковски, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Членот на Управниот одбор на Друштвото, Андреја Јосифовски, поседува 2.000 акции со право на глас, што е 1,780% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.
Членот на Управниот одбор на Друштвото, Марија Јосифовска Спасовска, поседува 120 акции со право на глас, што е 0,107% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.
Членот на Управниот одбор на Друштвото, Сашко Павловски, поседува 10 акции со право на глас, што е 0,009% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.
Членот на Управниот одбор на Друштвото Михајло Борозанов, поседува 1 акција со право на глас, што е 0,001% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.
Членот на Управниот одбор на Друштвото Сашо Бошковски, поседува 30 акции со право на глас, што е 0,027% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.