Актуелно 29.08.2018 13:34

Изјава на Меј по тврдењето дека излегувањето од ЕУ без склучен договор ќе им наштети на финансиите на Велика Британија

Изјава на Меј по тврдењето дека излегувањето од ЕУ без склучен договор ќе им наштети на финансиите на Велика Британија

Британскиот премиер Тереза ​​Меј изјави дека и да не биде склучен договор со Европската унија пред очекуваниот догодина Брекзит, тоа „нема да е крај на светот“, пренесоа агенциите, повикувајќи се на телевизијата „Sky News“.

Меј го изјави ова по повод тврдењето на нејзиниот министер за финансии Филип Хамонд од минатата недела дека излегувањето од ЕУ без склучен договор ќе им наштети на финансиите на Велика Британија.

Премиерот ја користи фразата од мислењето на Светската трговска организација, дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор „нема да е само прошетка во паркот“, но нема и да е „крај на светот“, забележува „Sky News“.

На пат за Африка Меј изјави дека склучувањето на лош договор со ЕУ ќе биде полошо од недостатокот на таков.

Тереза ​​Меј денеска пристигна во јужноафриканскиот град Кејптаун, каде ќе се сретне со претседателот на Јужна Африка Сирил Рамапоса, пренесоа медиумите.

Како дел од нејзината африканска турнеја, Мај, исто така, ќе ги посети Нигерија и Кенија. Во Кејп Таун пристигнале и 29 клучни британски бизнисмени.

По пристигнувањето Меј изјави дека сака до 2022-ра година Велика Британија да стане најголем инвеститор во Африка меѓу земјите од Г7.