Одборот на директори на Берзата донесе Одлука со која се врши измена на времетраењето на тргувањето со хартии од вредност на Берзата, се вели во соопштението од Македонска берза.
Исто така направени се измени во неколку други одлуки коишто произлегуваат од Правилата за тргување на Берзата, а коишто се однесуваат на измени на времето на
тргување кај режимите на континуирано и аукциско тргување, како и на измени во времето на официјализација на денот на тргување и времето на пријавување на
администраторски блок трансакции.