Економија 08.05.2018 10:26

Извонреден скок, времето на евтина нафта е во историјата

Извонреден скок, времето на евтина нафта е во историјата

Цените на нафтата денеска достигнаа вредност од над 70 долари за барел за прв пат од ноември 2014-та година, а Брент се движи кон нов максимум, во позадина на продлабочената економска криза во Венецуела, која се заканува на веќе погодените испораки на нафта од земјата, пренесува „Ројтерс“.

На сето ова се додава дали САД ќе се повлече од договорот со Иран и наместо тоа ќе наметнат повторно санкции на Техеран, поставувајќи ги меѓународните нафтени пазари на работ.

Фјучерсите на Брент изнесуваат 75,59 долари за барел, што е со 72 центи, или 1% скок, од последното затворање, откако се искачи на 75,89 долари за барел порано, што е највисоко ниво од ноември 2014-та година.

Фјучерсите врз американската сурова нафта „WTI“ пораснаа за 62 центи, или 0,9%, до 70,34 долари за барел. Денес беше и првиот пат од ноември 2014-та година, во кој цената на „WTI“ порасна над 70 долари за барел.

Аналитичарите предупредија дека продлабочувањето на економската криза кај клучниот извозник на нафта Венецуела се заканува да продолжи да намлува производството и извозот.

Шенон Ривкин, инвестициски директор во „Rivkin Securities“, изјави дека цените на нафтата ќе растат нагоре од „растечките стравувања од економскиот колапс на Венецуела и нејзината нафтена индустрија, плус можноста од нови санкции против Иран од страна на администрацијата на Трамп“.

Извозот на нафта од Венецуела е преполовен од почетокот на 2000-та година до едвај 1,5 милиони барели дневно, бидејќи оваа јужноамериканска земја не успеа да инвестира доволно за да ја задржи својата нафтена индустрија.

Надвор од случувањата со Венцуела, Грек Мекан, главен маркетинг стратег во „AxiTrader“, коментира дека „големата историја на неделава ќе биде за нафтата и нуклеарната зделка во Иран“. Повеќето учесници на пазарот очекуваат Трамп да се повлече од пактот, додава тој.

Иран повторно се истакна како главен извозник на нафта во 2016-та година, откако меѓународните санкции против земјата беа откажани во замена за ограничување на нуклеарната програма на Иран.

Изразувајќи сомнежи во врска со искреноста на земјата, Трамп се заканува да се повлече од договорот од 2015-та година.