Актуелно 17.10.2018 23:01

Јанушев: СДСМ треба да ја преземе одговорноста за неуспешниот референдум

Јанушев: СДСМ треба да ја преземе одговорноста за неуспешниот референдум

За нас Македонците, за мене лично како Македонец и за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да се менува Уставот со цел промена на уставното име, кажа Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Телма.

Според него СДСМ се целосно одговорни за ваквата состојба, односно и за лажната слика предизвикана надвор, која не соодветствува со реалноста во Република Македонија.

-Денес по референдумот СДСМ се обидува да ја префрли одговорноста кон ВМРО-ДПМНЕ, а истата лежи единствено во лажната предреферендумска слика. СДСМ треба да си ја преземе одговорноста за референдумот, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не одеше по цел свет да убедува дека референдумот ќе помине, дека прашањето е добро, рече Јанушев коментирајќи ја состојбата по референдумот.

Јанушев вели дека овој договор е лош и додаде дека не гледа ништо лошо во тоа да се има различни ставови по однос на договорот со Грција.

– Тоа е еден од основните демократски принципи. Различните ставови кои што постојат помеѓу власта и опозицијата за договорот, не ја амнестира одговорноста за ќорсокакот во кој Заев и СДСМ ја доведоа нашата држава, вели Јанушев.