Економија 21.05.2018 18:31

Јапонскиот извоз порасна за скоро 8 проценти во април

Јапонскиот извоз порасна за скоро 8 проценти во април

Извозот од Јапонија во април пораснал за 7,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, благодарение на зголемената побарувачка на
автомобили и машини за производство на полупроводници, што најавува закрепнување на јапонската економија по слабиот прв квартал во годината.
Во март, порастот на јапонскиот извоз изнесуваше 2,1 процент. Се очекува извозот да продолжи да расте со забрзано темпо со растечката побараувачка за јапонските машински производи, но еден фактор на неизвесност во иднината е однесувањето на САД. Јапонија има значителен трговски суфицит со САД, што ја прави потенцијален кандидат за воведување царини и други рестриктивни трговски мерки од страна на претседателот Доналд Трамп. Само во автомобилската индустрија, јапонскиот извоз во април пораснал за дури 15,3 проценти, додека во категоријата – машини за производство на полупроводници, извозот скокнал за 18,2 проценти.