Владата на Јапонија има малку невообичаен проблем – повеќе од осум милиони напуштени куќи што никој не ги сака. Владата сега спроведува програма за намалување на бројот на напуштени куќи низ целата земја и ги продава за незначителна сума пари, а некои дури и ги даваат бесплатно.
Напуштените куќи се наоѓаат насекаде низ Јапонија, а главната причина за тоа се природните катастрофи и постарата популација луѓе кои сакаат да живеат во станови. Исто така, повеќето од куќите никој не сака да ги купи бидејќи луѓето умираа во нив со насилна смрт и се смета дека се проколнати.
За некои од куќите, јапонската влада дури нуди и помош за реновирање. Јапонија тајмс тврди дека 70% од жителите на Токио живеат во станови. Голем број од овие напуштени куќи се наоѓаат во руралните средини, но исто така некои се близу до големите градови, а властите се надеваат дека ќе ги преземат луѓето кои се уморни од градскиот живот.
Се предвидува дека до 2033 година бројот на напуштените куќи во Јапонија би можел да достигне бројка од 27 милиони.