Актуелно 01.11.2018 11:55

Јавен повик за субвенции за набавка на печки на пелети

Јавен повик за субвенции за набавка на печки на пелети

Градот Скопје денеска објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети за 2018 година, втора фаза.

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на јавниот повик (01.11.2018 година), ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик трае 30 календарски дена од денот на објавувањето (1 ноември  2018 година) заклучно со 30 ноември 2018 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје  кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Услови што треба да ги исполни барателот:

– да е жител на град Скопје;

-да нема добиено финансиски средства за набавка на печка на пелети од кој било извор во Република Македонија;

– до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;

– новата печка на пелети да ја купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик (30 календарски дена) и истата да биде инсталирана на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;

– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;

– да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што е инсталирана печката на пелети, без оглед на тоа дали го користи;

– да има платено данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана печката на пелети, заклучно со 2017 година (барањето за оваа потврда може да се земе во архивата на Град Скопје во барака 16 или на следната интернет врска www.skopje.gov.mk/Uploads/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8/%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%BE%D0%B1%D0%B2%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%20%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%20%20(1).doc);

– само едно лице од домаќинство може да поднесе барање за добивање  надоместок.

– За барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење и немаат приклучок на градско централно греење, не важат условите од точките 3 и 7.

Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде усвоено. Во спротивно Комисијата доставува предлог до градоначалникот на Град Скопје за неусвојување на барањето.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Град Скопје треба да достави:

– барање за надоместок, кое може да се подигне во архивата на Град Скопје или од интернет страницата на Град Скопје

(http://www.skopje.gov.mk/Uploads/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8/%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%BE%D0%B1%D0%B2%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%20%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%20%20(1).doc;

– фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на град Скопје;

– изјава заверена на нотар дека барателот и членовите на неговото домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на печка на пелети на друг Јавен повик од кој било извор во Република Македонија;

– фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи;

– доказ дека е извршено купување на печка на пелети  во Република Македонија  и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум во период од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик;

– фотокопија од трансакциска сметка;

– фотокопија од број на поднесено барање до архивата на Град Скопје за издавање потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана печката на пелети заклучно со 2017 година (барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје барака бр.16 или од интернет страницата на Град Скопје: www.skopje.gov.mk).

– Барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење и немаат приклучок на градско централно греење не треба да ја достават документацијата од точките 4 и 7.

Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети“ во архивата на Град Скопје, на адреса бул.Илинден бр.82, секој работен ден од 08:30 до 16 часот.

На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети за 2018 година“.

Архивата на Град Скопје примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

Целиот јавен повик со сите барања и услови може да се видат на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни Повици/Јавен повик за пелети_2018_1.11.2018.pdf

Ова е втор јавен повик за субвенционирање печки на пелети, а претходно во месец мај годинава беа доделени 187 субвенции.