Еве ќе ви кажам и нешто друго, сега не сакам да испадне дека се фалам, ама денеска утрово ми се јавија од една истакната, голема амабасада и ми честитаа за тоа како го водиме процесот, рече синоќа во дебата на 1ТВ, советникот во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ. Тој зборуваше за тоа дека носењето на промените во даночната сфера ги водат најтарнспарентно па се пофали (иако не сакаше) дека имале доста пофалби.
– Ми се јавија и ми кажаа дека не виделе до сега толку транспарентен и толку инклузивен процес. Законот го објавивме на нашиот сајт уште пред да биде ставен на ЕНЕР. На ЕНЕР пет дена треба да стои најава за закон, па после се објавува текстот. Ние го објавивме пред тоа. Ни кажаа и дека сме направиле анализа како никогаш до сега што не е направена, не пофалија што сме отворени за јавноста. Да не испадне дека се фалам ама добро го менаџираме овој процес – речe Јовановиќ.
Тој повтори дека нема да се отстапи од законското решение.