Актуелно 15.10.2018 17:59

Јовановски: Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име

Јовановски: Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име

Милост може да бара само тој, кој што е виновен… Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!, ова преку Фејсбук статус го објави актерот Владо Јовановски.

Тој понатаму додава дека:

-Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство!
Вистината е мојот најголем и единствен бранител!
Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена..

“..Сo тие две раце сум и тие две скапаја без работа..”!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!, стои во статусот на Јовановски.