Неспособноста и неодговорноста на власта излегува на виделина. По кратки врнежи на дожд се поплавија скоро сите улици во село Драчево, а улицата Речиште зад мене наликуваше на вистинска река. И додека Драчево тоне во вода Темелковски мува не го лази, истакна Драги Јовевски, кој се обрати на улица Речиште во село Драчево.
-Жителите на село Драчево не паметат вакви поплави. Улицава има само фекална канализација и истата при нецелосно чистење не е во способност да ги апсорбира атмосферските врнежи. Водата која веќе се повлече направи штета во сите домови на жителите на село Драчево. Градоначалникот Темелковски пред изборите ветуваше изградба на атмосферска канализација, повеќе од 10 месеци како е на власт ништо од тоа што го вети ниту отпочна да го реализира, рече Јовевски и додаде:
„Темелковски кој пред избори доаѓаше и ветуваше се и сешто, сега го нема да дојде и да види со што се соочуваат жителите. Власта која одвојува 1 милион и 300 илјади евра за промоција на капитулантскиот договор наместо за штетниот договор да ги пренаменеше парите за изградба на атмосферската канализација која ја вети Темелковски немаше да дојде до поплави и штети. Граѓаните очекуваат одговорност. Темелковски не е способен да управува со општината. Темелковски заедно како и неговите партиски шефови мора да си замине“.