Мозаик 26.07.2018 15:55

Јутјуб проповедник: Сонцето ќе се замрачи, Месечината ќе стане крвава!

Јутјуб проповедник: Сонцето ќе се замрачи, Месечината ќе стане крвава!

Месечината в петок ќе стане „крваво црвена”, поради што теоретичари на заговор веруваат дека на нашата планета конечно (по којзнае кој пат) и дошол
крајот. Прилично активниот „Јутјуб проповедник“ Пол Бигли вели дека „темно-црвената сенка на Месецот е можеби знак за второто доаѓање”.
– Знаете, Бог ми се обрати неодамна и ми рече дека морам да посветам внимание на „крвавиот Месец“. Ми кажа и дека треба да откријам што всушност се случува и јас открив дека тоа ќе биде најдолигата крвав Месечина во последните 100 години. Јас осознав и дека тоа ќе се случува над Ерусалим, што е неверојатно, истакнува „пророкот“.
Тој потоа се повикува и на Библијата, потсетувајќи дека и древниот израелски пророк Јоил запишал дека „Сонцето ќе се затемни, а Месечината ќе се претвори во крв пред големиот ден кога Господ ќе дојде”.