Живот 07.06.2018 11:35

Според студијата која е извршена денот ќе трае се подолго и подолго

Според студијата која е извршена денот ќе трае се подолго и подолго

Како што сме постари, ни изгледа дека времето минува побрзо, а деновите стануваат пократки, но точно е дека деновите на Земјата траат подолго и подолго, благодарение на Месечината и нејзиното влијание врз ротацијата на нашата планета.
Новата студија која го следела односот меѓу Земјата и Месечината наназад 1,4 милијарди години открила дека во тоа време денот траел само околу 18 часа. Тоа значи дека од тогаш сме добиле шест часа во просек, или речиси неприметливи 0,00001542857 секунди годишно. Со ова темпо  денот на Земјата за некои 200 милиони години ќе добие уште еден час, што значи дека ќе трае 25 часа.
Причината е што Месечината постојано, иако многу бавно, се оддалечува од Земјата. Пред 1,4 милијарди години сателитот беше поблиску и ротацијата на Земјата беше побрза