Живот 04.06.2018 13:48

Како да го користите времето

Како да го користите времето

Чекор 1  / Времетраење: 5 минути /

Направете дневен план. Пред вклучување на компјутерот, земете еден празен лист хартија и одлучете што да направите за овој ден да биде многу успешен за Вас. Што можете да направите за себе? Напишете листа на активности / задачи. Сега е најважно од вашиот календар и распоред на активности да креирате временски распоред, на кој ќе ги ставите најтешките и најважните задачи на почетокот од денот. Како почеток на денот се смета и времето пред да ја проверите вашата e-mail пошта. Списокот правете го како листа на приоритети!

 

Чекор 2  / Времетраење: 1 минута на секој час /

Поставете го часовникот, телефонот, или компјутерот да ѕвони на секој час. Кога ќе заѕвони, земете длабок здив, погледнете во листата и проверете дали сте го поминале последниот час продуктивно. Потоа погледнете во вашиот планер и одлучете како ќе го искористите следниот час. Организирајте го вашиот работен ден по системот – „Од час во час”. Не дозволувајте времето да управува со Вас!

 

Чекор 3  / Времетраење: 5 минути /

Исклучете го компјутерот. Проверете што сте сработиле? На што сте фокусирани? Што е она што ви смета во работата? Што научивте денес што ќе ви помогне да бидете попродуктивни утре?

 

Предноста на оваа техника е тоа што ви овозможува да управувате со времето наместо времето да управува со Вас!