Актуелно 26.12.2018 09:58

Променливо облачно и студено

Променливо облачно и студено

Изутринава времето е умерено облачно на север и североисток, а во останатите делови е сончево, но студено и со мала облачност. Дува слаб претежно северозападен ветер.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено. Попладне и особено на југот облачноста ќе се намали. Долж Повардарието ветерот краткотрајно ќе засилува, а на североистокот ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи до 4 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините, а од недела се очекува краткотрајно поголемо наоблачување.