Кои се тактиките кои секој може да ги примени во преговорите за плата? – ова прашање беше поставено на сајтот Quora, кој на корисниците им служи како форум за поставување прашања, а познавачите/професионалците кои имаат увид во проблемите и решенијата даваат одговори.
Одговорот на ова прашање го има одговорено Крис Вос (Chris Voss), автор на книгата ,,Never Split the Diffеrence”, бивш преговарач на FBI и директор на ,,Black Swan Group”.
Еве како одговара тој:
,,Општи места” односно одредени фрази можат многу да послужат. Користете ,,Се чини дека… ”, ,,Звучи како… ”, ,,Делува…”, итн. Важно е да не застанете на некоја своја фраза така што нема да биде проследена со прашање или некој вид објаснување.
Кога користите фрази, можете да соберете повеќе информации и да се обидете со некои свои предлози, а да не турнете некого во ќош. Вие не барате само одговор ,,Да” или ,,Не”, туку отворате разговор и дискусија на многу суптилен начин, ,,копате подлабоко”, а притоа ги штитите своите интереси.
Преговорите околу платата се особено важни бидејќи луѓето не само што ве тестираат како ,,работник” туку и како амбасадор, како претставник на својата работа кој умее да ги покаже своите дипломатски вештини.
Платата е важна, но исто така и вашата кариера. Затоа фразите кои можете да ги примените се:
,,Се чини дека постои и некоја поширока слика за мојата позиција”,
,,Делува како компанијата да има визија за иднината во којасе вклопувам”,
,,Се чини дека мојата позиција одговара на пошироките потреби на компанијата”.
Овие фрази можат да бидат искажани како тврдење, изјава, наспроти тоа да ги поставите како прашање. Ако ги кажете како забелешка, вашите надредени тоа го ценат, затоа што сакаат некој кој сфаќа како функционираат работите внатре во фирмата. На тој начин ја покажувате вашата стручност.