Живот 30.05.2018 15:32

Како да се однесувате на работа

Како да се однесувате на работа

Успешно сте ја завршиле потрагата по ново подобро работно место. Сте ja добиле работата во компанија во која секогаш сте сакале да работите. Продолжете со серијата успешни потези.

Првиот впечаток е важен

Во текот на првиот ден поминат во новата средина исклучително е важно каков впечаток ќе оставите. Првиот впечаток може да има траен ефект, а со мало внимание и планирање може да се постигне тој да биде позитивен.

 

Пред самиот почеток, соберете информации околу компанијата во која ќе работите

Пред првото интервју настојувавте да дознаете што повеќе можете, на интервјуто добивте многу нови информации за работното место, а пред да започнете да работите е вистинското време за организирање на добиените информации.

Можеби нема да бидете во можност да дознаете многу околу културата, организацијата и секојдневните непишани правила за однесување, но веќе од информацијата за структурата на компанијата, остварената добивка, мисијата и плановите можете подобро да разберете со каква средина ќе имате можност да се сретнете.

 

Посебно внимание посветете на новите соработници

Тоа се личности кои ќе можат најмногу и најдобро да ви помогнат во усовршувањето во новата улога. Од нив ќе ги научите правилните процедури, ќе ве предупредат на најчестите грешки и ќе ве упатат на личностите на кои треба да се обратите пред донесувањето на некоја одлука. Добрите односи со соработниците и колегите ќе го направат времето поминато на работа попријатно.

 

Прашајте го претпоставениот за повратни информации околу својата работа

Предложете му на претпоставениот краток состанок на кој ќе ги изложите своите видувања околу задачите што ви се дадени и ќе ги разјасните евентуалните нејаснотии. Почетниот ентузијазам и желба за докажување на довербата која ви е укажана веројатно ќе ве мотивираат да го дадете својот максимум.

Јасните упатства од претпоставениот ќе спречат непотребно расипување на расположението и ќе ви дадат повратна информација дали тоа што го работите е добро или лошо. Работодавецот ќе го цени вашиот проактивен став и одговорен пристап во новата работа.

 

Покажете ја својата точност, одговорност и професионалност

Внимателно испланирајте ги своите први работни задачи, одредете рокови и немој да дозволите да не ги испочитувате истите! Вашиот претпоставен разбира дека сеуште се вклопувате во новата работна средина и од вас очекува квалитет и труд, не брзина. Постојано бидете во тек со предвидениот план и навремено известете го претпоставениот околу можното доцнење на задачата.