Мозаик 23.11.2018 10:10

Како да се отарасите од кафето

Како да се отарасите од кафето

Тмурните утра и поспаните попладниња се вистински убиец на продуктивноста на работното место. Кога енергијата ќе замре и истоштени ќе дремете над бирото, не мора повторно да се фаќате за кафето како давеник за сламка

Променете го ставот. Ако се движите низ канцеларија жалејќи се колку сте исцрпени, ќе изгледате уморно и потсвесно уште повеќе ќе си ја намалите енергијата. Не се предавајте при првите знаци на замор. Останете активни и позитивн

Подигнете се неколку пати на прсти и истегнете се
Станете за момент, подигнете се неколку пати на прсти и протегнете ги рацете. На тој начин ќе си ја подобрите циркулацијата низ целото тело, а со тоа ќе ѝ кажете збогум на поспаноста.

Помирисајте силна свежа арома
Мирисот на лимон, портокал, грејпфрут или лавандула имаат моќ да ве вратат во живот. Две-три минути поуживајте во ваква свежа арома и ќе имате доволно сила за да го довршите работниот ден со максимална посветеност.

Напијте се чаша ладна вода
Ставете коцка мраз во вода и испразнете ја чашата.Дехидратацијата е чест и подмолен крадец на енергијата. Ниската температура на водата ќе го разбуди телото и ќе го фокусира умот.

Најнови вести