Мозаик 23.01.2019 19:46

Како да се покажете најдобро на интервју

Како да се покажете најдобро на интервју

Конечно ве викнаа на интервју за работното место кое толку многу го посакувавте. Нормално, сето ова си е пропратено со темелни подготовки, трема и се што си доаѓа со тоа. Сепак, без оглед на тоа колку се трудите, истражувањата покажале дека 33% од шефовите одлучуваат дали ќе ве вработат уште во првите 90 секунди.

Како најдобро да се покажате?

Следете ги советите од најголемите професионалци.

Немојте премногу да се дотерувате

Сакате да оставите впечаток, па го облекувате најубавиот костум и вратоврска. И тоа сигурно ќе ги импресионира, нели? Хм, се работи за меч со две острици. Ако вие сте облечени во костум и вратоврска, а сите во компанијата се облекуваат полежерно, тогаш може да им оставите впечаток дека нема добро да се вклопите во тимот.

Се разбира, треба да бидете скоцкани и дотерани, но не го претерувајте. Не треба да изгледа како да сте дошле на свадба. Дури 65% велат дека самата облека може да направи разлика помеѓу двајца кандидати кои имаат слични квалификации.

Бидете точни

Ова не значи дека треба да дојдете три часа пред интервјуто. Планирајте да дојдете 5-10 минути порано. Ако дојдете премногу рано, ќе им направите на луѓето да им биде непријатно и дека мора да остават се за да се сретнат со вас. Но, никако не смеете ни да помислите да доцните.

Биде љубезни… кон СИТЕ

Еден начин на кој ве оценуваат е што гледаат како се однесувате кон првата личност која ќе ја сретнете (обично рецептионистот). Не е важно само како се однесувате кон потенцијалните шефови, туку и кон останатите кои работат таму.

Не доаѓајте со празни раце

Ќе ви треба пенкало и тефтерче. Убаво изгледа и дава убав впечаток.

Внимавајте на говорот на телото

Ова е можеби и најважно. Допирање по лице, врткање коса, тресење на коленото… ова се знаци кои покажуваат нервоза, досада и создаваат тензија. Во едно интервју, шефовите кажале што остава најдобар впечаток: Исправено седење (33% од луѓето кои доаѓаат на интервју седат згрбавено), изгледајте пријателски (21% ги прекрстуваат рацете на гради), кога се ракувате, правете го тоа со силен стисок (26% имаат слаб стисок), не се туткајте (33% се туткаат), насмевнувајте се (38% не се насмевнуваат), гледајте ги тие што ве интервјуираат во очи (67% избегнуваат контакт со очи)  и не си играјте со косата (21% го прават ова).