Цената на акциите на Фејсбук падна повеќе од 24 отсто после веста за квартални резултати.
За само два часа тргување, компанијата остана без 150 милијарди долари пазарна капитализација.
Таа социјална мрежа објави лоши резултати отколку што се очекуваше, и предупреди дека догодина нејзините трошоци ќе растат повеќе од приходите.
Како што пишува во извештајот, приходите на Фејсбук во второто тромесечие изнесувале 13,2 милијарди долари, 42 отсто повеќе отколку истиот период лани. Притоа добивката пораснала за 5,1 милијарда.
Се тоа е бавен раст на финансиските резултати во однос на претходните квартали и нешто помал отколку што очекуваа аналитичарите.
Но тоа не е единственото нешто што ги загрижува инвеститорите – поголема загриженост владее поради бавниот раст на бројот на корисници на таа социјална мрежа. На компанијата не и оди ниту во прилог тоа што планот во источната кинеска покраина Џенџанг да отвори иновационен центар за поддршка на локалните стартапи наишол на блокада.
Резултатите за второто тромесечие се прво навестување на „цехот“ кој Фејсбук ќе го плати поради новиот европски закон за приватност, но и поради низа скандали поврзани за приватноста, вклучувајќи го и оној со отстапување на личните податоци на корисниците на Кембриџ Аналитик поради влијание на гласачите на претседателските избори во САД 2016та.