Економија 14.06.2018 10:07

Како компанијата „Тесла“ го зачувува профитот

Како компанијата „Тесла“ го зачувува профитот

Компанијата за производство на електрични возила Tesla ќе намали 9% од работната сила како дел од планот за реструктурирање чија цел е да се намалат трошоците и да се зголеми проофитабилноста.

Отпуштањата во компанијата на Елон Маск следат откако тој се обиде да го зголеми произвотсвото на Model 3 и конечно да пријави квартален профит годинава.

Tesla соопшти дека ќе бидат отпуштени над 3.000 вработени во најплатените сектори, но не и во фабриките каде се произведуваат автомобилите.

Маск рече дека ова било „тешка одлука“.

Кон крајот на минатата година Tesla вработи над 37.000 нови работници.

„Со оглед на тоа дека Tesla нема остварено годишен профит во овие речиси 15 години откако постоиме, очигледно е дека профитот не е она што нѐ мотивира“, стои во e-mail пораката што Маск ја испратил до вработените и беше објавена на Twitter.

„Она што нѐ мотивира е нашата мисија да ја забрзаме транзицијата на светот кон одржлива, еколошка енергија, но никогаш нема да ја оствариме таа мисија ако не покажеме дека можеме да бидеме одржливо профитабилни.“

Минатиот месец Маск рече дека компанијата планира обемна реорганизација во која ќе има намалување на менаџментот.

Во мејлот се нагласува дека ќе бидат елиминирани работните места што се покажале како дупликати и се очекува дека отпуштањата нема да се одразат на производствените капацитети на компанијата.