Секој ги има оние моменти кога навечер не му е баш сѐ по ќеиф, а најмалку до секс, но либидото мора да се разбуди.
Жените треба да бидат релаксирани за да е можен сексот, но како забрзаното темпо на живот на сите им донесе значителни количини на стрес, не е чудно што токму тој е главната причина зошто жените ја губат желба за игри под чаршафите.
Речиси на половина од жените напнатоста им е најгилем проблем во креветот, па еве неколку добри совети како да се ослободат од него, па ќе посакате секс и во моментите кога сте уморни или нервозни.
За почеток, обидете се да не го одложувате сексот до крајот на денот, затоа што, на пример, на мажите тестостеронот е на највисоко ниво во утринските часови, па тоа е доволно за да му даде сигнал дека сте во мало расположение, а тој ќе го направи останатото (ако му текне).
Редовното вежбање ќе ви даде повеќе енергија, така што дури и на крајот од денот нема да бидете целосно утепани и уморни, а како вежбањето го намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, дополнително ќе помогне полесно да добиете желба за физички контакт.
Кога ќе дојдете дома, обидете се да го ослободите денот од себе на ист начин како што се смирувате – бројте до десет, потоа седнете во мир со вашиот партнер, разговарајте, погледнете ја вашата омилена серија … но задолжително гушнати. Тука мал физички контакт ќе направи чудо, особено масажа на рамења, нога или … и ТРАНС!