Живот 25.01.2019 21:57

Што е поважно во врската: Сексот или парите?

Што е поважно во врската: Сексот или парите?

Истражувањата дадоа неочекувани резултати.

Истражување што беше спроведено во текот на 40 години, даде неочекувани резултати што беа објавени во стручното списание Social Psychological and Personality Science.

Една од темите на истражувањето била поврзаноста меѓу тоа колку често луѓето имале секс со тоа колку се задоволни од врската, а сознанијата до кои дојдоа научниците изненадија многумина.

Резултатите покажаа дека двојките што водат љубов еднаш неделно главно се многу посреќни од оние кои го прават тоа почесто или поретко.

Исто така, се покажало дека сексот носи поголемо задоволство во врската од парите, односно дека двојките што имаат редовен секс и пониски приходи се посреќни од побогатите кои имаат секс помалку од еднаш неделно.