Утрово купувачка која посетила продавница за чевли во скопски ГТЦ останала брз својот новчаник и мобилен телефон откако била ограбена од непозната жена. Кражбата може јасно да се види на снимката од безбедносните камери, а која оштетената муштерика ја објавила на социјалните мрежи.
– За да не се случи на некој друг! Дали некој ја препознава особата? Денеска во ГТЦ во 11 чсот во дуќан за чевли, таа влегува и краде мобилен и новчаник и ги става под нејзината јакна. Случајот е пријавен во МВР, но секоја информација е добредојдена, пишува оштетената на Фејсбук.