Живот 20.10.2018 12:26

Какво време не очекува денеска?

Какво време не очекува денеска?

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на локален дожд претежно на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12 степени, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 20 степени.

Од утре попладне времето ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.