Во годишниот извештај за 2018 година, кој парламентот го упати до канадскиот министер за миграција, Ахмед Хасен, стои дека од 2019 до 2022 година ќе бидат прифатени 1,080.000 нови мигранти со постојана дозвола за престој, пишува веб-страницата Светски економски форум.
Најмногу се очекува за време на 2021 година, дури 370.000, односно 84.000 повеќе отколку во 2017 година, кога Канада прими 286.000 мигранти.
„Мигрантите и нивните потомци во Канада донесоа голем придонес, а нашата успешна иднина зависи од тоа дали тие ќе сакаат и натаму да бидат добредојдени и добро интегрирани“ рекол министерот Хасен претставувајќи го извештајот, кој и сам во Канада дошол како бегалец од Сомалија.
Миграцијата се смета за клучна во настојувањата за зајакнување на канадската економија. Со оглед дека мигрантите се просечно млади луѓе, нивното доаѓање ја поправа сликата за се постарото канадско население. Извештајот изнесува податоци дека во однос на вработените и пензионираните Канаѓани во 2012 година бил 4,2:1, а се очекува дека во 2036 година да биде дури 2:1.