Актуелно 13.09.2018 23:39

Каракамишева до ОЈО: Дали се слушаме, ова не е допрен глас, ова е поткуп при гласање

Каракамишева до ОЈО: Дали се слушаме, ова не е допрен глас, ова е поткуп при гласање

Професорката Тања Каракамишева јавно го повика Основното јавно обвинителство да отвори случај против премиерот Зоран Заев, кој на трибина во Крива Паланка јавно ги повика газдите на фирмите да ги „подмачкаат“ вработените со уште една плата зашто „тргната е работата“.
„ОЈО се слушаме? Ова не е допрен глас, ОВА Е ЈАВНО ДАДЕНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕР НА ДРЖАВА!
Од изјавата како пупка е сторено казнивото дело Поткуп при избори и гласање, чл. 162 од КЗ:
„Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава, или ветува подарок или друга корист со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право ќе се казни со затвор најмалку пет години”.
Ајде до кај сме со владеење на правото!“, напиша Каракамишева на Фејсбук.

https://www.facebook.com/Karakamisheva/videos/1869746146445154/

Најнови вести