Актуелно 24.09.2018 14:00

Каракамишева: Како да се заштитиме од можен фалсификат на референдумот?

Каракамишева: Како да се заштитиме од можен фалсификат на референдумот?

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева на својот фејсбук профил објави текст со наслов „Како да се заштитиме од референдумот?“ Во текстот се набројани законските можности за тоа како можете да реагирате во случаи на злоупотреба на вашиот глас и одредби кои се однесуваат на други аспекти од процесот и правата при гласање, како што е одредбите за казнивост на присилување на гласање, уценување за гласање или други форми на казниво однесување кон гласачот. Фејсбук статусот може да го најдете на следниот линк https://www.facebook.com/Karakamisheva/posts/1985410711542822?__xts__[0]=68.ARAbiJh-SWeobVp5Hn1GmVjOYoHO7hpoFVW3i2jOFroM5k5kGf44HAuSY2c9pC2LPipw6zQkEQknX8mOgsogRxQCVpDloDc6x-MXnuEoohK9jS-KtDBgENUBgn4iNt_BTMdoleG5q_1tjcGbyT7EceqZKzRukIuW4mC0yhbj7gXl1GtEO-LYyg&__tn__=-R

Текстот објавен на страната е следниов:

„Сите гласачи што имаат сомнеж дека некој гласал во нивно име или на друг начин му е повредено избирачкото право има право да поднесе приговор до ДИК.

Постапката за заштита на избирачкото право е итна.

Приговорот се поднесува во писмена форма и содржи:

– место, време, опис на повредата,
-сторител и докази на кои подносителот се повикува, – име, презиме и потпис на подносителот и
-меил.

Приговорот до ДИК се доставува лично во рок од 24 часа, а ДИК е должен во рок од 4 часа да донесе одлука.

Истото важи и за гласачите во странство.

Секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право ВО СТРАНСТВО во секоја фаза на изборниот процес може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа од денот на повредата, по електронска или брза пошта.

ДИК е должен во рок од 4 часа по приемот на приговорот да донесе одлука!

Драги сограѓани, во недела на 30. септември да бидеме БУДНИ И ДА ДЕЛУВАМЕ доколку имаме основани сомневања или докази дека некој ни го повредил нашето лично избирачко право!

Можеме да делуваме на два начина:

1. Со приговор до ДИК ако некој друг во наше име го искористил нашето избирачко право. ДИК е должен да го поништи гласањето на избирачкото место каде е утврдено дека некој гласал во име на друг, и

2. Со поднесување на кривична пријава ако некој гласал во наше име, ако некој не присилува да гласаме, ако некој не уценува и притиска дали и како да гласаме, ако некој ни дава поткуп да гласаме, ако некој сериозно ни се заканува да го вршиме, да не го вршиме или како да го вршиме нашето лично избирачко право!

Делата предвидени во Кривичниот законик за повреда на слободата на определување на избирачите се сериозни и се движат со казни затвор најмалку 3 години!

Ако делото го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршење на службата во врска со изборите или гласањето ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Ако некој на гласање гласа наместо друг или гласа повеќе од еднаш ќе се казни со казна затвор најмалку три години! Станува збор за кривично дело од чл.161 на КЗ Злоупотреба на избирачкото право!

Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право ќе се казни со затвор најмалку пет години! Чл.162 од КЗ!

Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да биде неупотреблива исправата, книгата, списот што служи за гласањето ќе се казни со затвор од најмалку три години! Ако тоа го стори член на изборен органи или службено лице затворот е најмалку 5 години. Чл.164 Уништување на изборен материјал

Чл.165 Изборна измама од КЗ
Член на изборен орган или др.службено лице во вршење на служба во врска со гласање ако го измени бројот на дадените гласови со додавање или одземање на едно или повеќе гласачки ливчиња или ако го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатите од гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе гласови ќе се казни со затвор од најмалку 5 години.

КАЗНИТЕ СЕ ДРАКОНСКИ, ДА БИДЕМЕ БУДНИ И ДА ДЕЛУВАМЕ ПРОТИВ СЕКОЈ ПРЕКРШИТЕЛ НА ПРАВИЛАТА!

ВО МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ВЛАДЕЕ ПРАВОТО!“

https://www.facebook.com/Karakamisheva/posts/1985410711542822?__xts__[0]=68.ARAbiJh-SWeobVp5Hn1GmVjOYoHO7hpoFVW3i2jOFroM5k5kGf44HAuSY2c9pC2LPipw6zQkEQknX8mOgsogRxQCVpDloDc6x-MXnuEoohK9jS-KtDBgENUBgn4iNt_BTMdoleG5q_1tjcGbyT7EceqZKzRukIuW4mC0yhbj7gXl1GtEO-LYyg&__tn__=-R

Најнови вести