Економија 18.07.2018 13:22

Каракамишева: Најмалку 4.000 приватни фирми ќе треба да извршат промени во регистрацијата и да го избришат името „Македонија“

Каракамишева: Најмалку 4.000 приватни фирми ќе треба да извршат промени во регистрацијата и да го избришат името „Македонија“

Професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил реагираше на информациите објавени во грчките медиуми според кои фирми во Македонија ќе треба да извршат промена на регистрацијата и да го избришат името „Македонија“ доколку е содржано во нивниот назив.

-Пак од грчки извори пошто тие се поинформирани за нас од ние самите, најмалку 4.000 приватни фирми ќе треба да извршат промени во регистрацијата и да го избришат “Македонија” во фирмата! Ајдеее животе разваљуј!, напиша Карашамишева.