Живот 29.08.2018 22:00

Кариќ го ожени синот и ги омажи трите ќерки на ист ден

Кариќ го ожени синот и ги омажи трите ќерки на ист ден

Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ вчера организираше голема прослава на која неговиот син и трите ќерки склопија брак со своите избраници во криптата на „Свети Сава“ во Белград. Судбоносното „да“ пред Господ го изговориле Небојша и Ксенија, Надежда и Дејан Лазаревиќ и Даница и Никола Кариќ Стоилковиќ.

Идејата сите деца на познатиот бизнисмен да се венчаат во црква во истиот ден потекнала токму од младенците.

За жал, Јелена и Горан Лазаревиќ не се венчале, бидејќи нивните кумови задоцниле на самата церемонија. По овој повод Богољуб Кариќ ветил дека ќе организира нова венчавака за неговата ќерка.

Прославата се одржала во вилата „Јелена“ на Дедиње. За добрата атмосфера на свадбата биле задолжени Шабан Шаулиќ и Ана Бекута, додека пријателката на Кариќ, Цеца Ражнатовиќ, не можела да дојде, бидејќи е на одмор на Кипар, пишува српски „Курир“.