Актуелно 30.01.2019 23:37

Касами се огласи по одлуката на ДУИ да излезе со самостоен кандидат на претседателските избори

Касами се огласи по одлуката на ДУИ да излезе со самостоен кандидат на претседателските избори

Ние како Движење БЕСА уште од од почеток сме побарале албанските политички партии да излезат со заеднички кандидат кој би ги максимизирал албанските гласови на овие претседателски избори, зошто да не и со еден сериозен пристап на сите албански политички субјекти како и на другите општествени сили, интелектуалци и на целиот невладин сектор овој кандидат да влезе и во втор круг.

Ние како Движење БЕСА сериозно ќе анализираме за да најдеме кандидат кој би бил прифатлив за сите политички сили, и сметаме ке најдеме кандидат позади кој би застанала албанската опозиција како и другиот опозициски дел од општеството кој е мнозинство во македонија. Сеуште не сме донеле ваква одлука, и секако дека и партискиот кандидат на Движењето БЕСА е една можност за реално да ја процениме нашата позиција на политичката сцена после сите оние турбуленции кои му се случија на Движењето БЕСА.

Заинтересирани сме да ја видиме нашата позиција, но како и секогаш Движењето БЕСА пред партиските интереси ќе ги стави интересите на Албанците и нејзините поддржувачи. На прашање што мисли за тоа дека ДУИ оставаат простор за соработка со албанските партии Касами одговори: ДУИ како и секогаш,кога ќе му ги затворат сите врати за соработка македонските партии му текнува на албанските партии и во овој случај кога од СДСМ кажаа дека ќе излезат со свој кандидат и не остави ни најмала можност да се излезе со консензуален кандидат на партиите на власт, им текна дека треба да се разгледа можноста за соработка со албанските партии. Како и да е ние како Движење БЕСА сме подготвени за соработка со сите албански политички субјекти со единствена цел да го максимизираме албанскиот глас.