Економија 15.10.2018 11:56

Катарците годишно заработуваат најмногу пари

Катарците годишно заработуваат најмногу пари

Катар е на прво место во светот по висината на заработувачка на годишно ниво. Во оваа земја, чија популација е околу 2,5 милиони, секој поединец на годишно ниво заработува по 124.930 долари.

На второ место е Луксембург, каде годишната заработувачка во просек 109.190 долари. Сингапур е на трето место со 90.530 долари просечно годишна заработка по лице.

На четврто место е Брунеи, со 400 000 жители, каде просечната заработувачка по лице е 76.740 долари. Скандинавските земји со преку 5 милиони жители се надвор од првите пет најбогати земји во светот. Просечната заработка во Норвешка е 70.590 долари.

Во Обединетите Арапски Емирати просечната заработка е 68.250 илјади долари по лице, а следува Швајцарија со 61.630 долари.

Последни на листата се Хонгконг, Сан Марино, САД и Саудиска Арабија каде просечната заработка е под 60 илјади долари.